(ВИДЕО) Обезбедувањето на Моника Белучи ги нападнало фоторепортерите

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Службеници за заштита на славниот актер Моника Белучи, нападнаа фоторепортери за време на гостувањето на италијанската актерка во Москва. Снимката е објавена од Рен ТВ.

Се забележува дека новинарите добиле сериозни повреди.

Италијанската актерка гостува во руската престолнина по трет пат. Според информација на весникот напаѓачите биле соработници на обезбедувањето на хотелот.

За време на гостувањето Белучи изјавила дека е подготвена да се снима во руски филмови, но до овој момент никој не ѝ нудел улога.

“Ја познавам креативноста на режисери како Ејзенштајн, Тарковски, Кончаловски и Михалков. Пред две години во Кан го гледав “Левијатан” (на Звjaгницев),“ изјави ѕвездата на новинарите во Москва.

Актерката, исто така, додаде дека ја чувствува блиска словенската култура. “Оваа мешавина на трагично и комично, вештината да се живее со вера не може да се замени со ништо”, рече уште ѕвездата од “Станот”, “Малена”, “Страстите Христови”, “Неповрат” и други филмови.