Американските кино студија The Weinstein пуштија на Јутјуб проширен трејлер на лезбејската драма “Керол”, во која се фотографираа Кејт Бланшет и Руни Мара (на фотографијата).
Филмот ќе тргне по кината овој ноември. Двеминутното видео за првпат содржи сцени на интимна блискост меѓу хероините. Филмот е снимен по романот “Цената на солта” на познатата писателка Патриша Хајсмит. Во него се раскажува за односите меѓу две жени од Њујорк во 50-тите години: младата продавачка Тереза (Мара) и мажената дама Керол (Бланшет), кои се заљубуваат една во друга. Во нивниот бурен роман се меша сопругот на Керол, кој се заканува дека ќе ѝ забрани да се гледа со децата, ако двајцата се разведат.
Премиерата на филмот беше во мај на филмскиот фестивал во Кан. Мара беше призната за најдобра актерка, а Кејт Бланшет мораше да ги побие медиумските озборувања дека имала интимни односи со жени и во реалниот живот. Австралијката Бланшет е добитничка на бројни награди, вклучувајќи два “Оскари”, три “Златни глобуса” и три награди BAFTA. Руни Мара пак се прослави со улогата на Лизбет Саландер во филмот “Девојката со тетоважа на змеј”. Таа учествуваше и во лентите “Кошмар на улицата Вјазов”, “Социјална мрежа” и други.