ВИДЕО: Обожавателка го зграпчи Малума за меѓуножјето, тој не можеше да го сокрие шокот

од Stefanija Kuzmanovska
269 прегледи

Познатиот пејач Малума минатиот викенд настапуваше во Монтвил, Австралија, а пред концертот беше пречекан од група обожаватели. Многумина сакаа да се поздрават со него, а една обожавателка сакаше и нешто повеќе. Додека Малума поминувал покрај неа, таа го зграпчила за меѓуножјето. Тој не можеше да го сокрие шокот, а потоа ѝ го привлече вниманието на обожавателката и ѝ укажа дека тоа што го направи е погрешно, па се насмевна.

Видеото се шири на социјалните мрежи каде пишуваат дека жената од видеото ја преминала границата и дека се работи за сексуално вознемирување и дека пејачот треба да ја тужи.

Малума и претходно имал непријатни средби со обожавателите, за време на концерт тие го гаѓаа со телефон. Тој реагираше поинаку во споредба со Карди Би, која го доживеа истото и со својата реакција предизвика критики.

Како што музичките ѕвезди треба да ги почитуваат границите во однесувањето, така и обожаватели треба да знаат каде не се преминува границата.

Слични содржини