Видео обраќање на братот на Али Ахмети: Чувајте го братството, а тие нека цркнат во сопствениот инает (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Братот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети – Фекри, преку видео порака се обрати до Албанците, но истовремено и со скандалозни квалификации за Македонците.

„Како можеме да бидеме браќа со непријателот, кога тој самиот бесрамно нè става во опасност, вели Фекри, изјавувајќи дека Албанецот со сето срце не сака друго, освен Албанија, која му дала име, но дала и храброст. „За храбри сте храбри, ова и самите го знаете, но каква полза има за татковината кога не е таа што била“, вели тој.

Стремете се кон Албанија, да се спасите од оваа опасност, да кренете глава, спасете се од нивните канџи, а потоа да бидете среќни. Ако сте родољуби и Албанци, сплотете се како што беше во времето на Скендербег, посочува братот на Ахмети.

Не се карајте, не се разделувајте оти непријателите тоа и го очекуваат, но братството чувајте го и нека цркнат во сопствениот инает. Не ги слушајте што велат тие дека сме исто племе со нив, така тие се навикнати да доминираат секогаш, тие никогаш не сакаат да нè гледаат како напредуваме, туку да бидеме сите неуки и постојано да нè водат. Албанецот, велат дека не може да биде цивилизиран, затоа што нема јазик за пишување, вели Фекри Ахмети.