Министерството за внатрешни работи потврдува дека во текот на ноќта и утринава се одвивала акција за, како што велат, разбивање на структури на Исламска држава во земјава, а повеќе детали од акцијата ќе соопштат во текот на денот.

Претреси имаше на повеќе локации во земјава за приведување на лица за кои постојат сомненија дека учествувале во воени формации во странство., и тоа во Скопје, Струга, Куманово, Тетово, Гостивар. Според информациите од полицијата, нема повредени и загинати во акцијата. Во моментов најголемиот дел од акцијата е завршена. Приведените се спроведени во Кривичниот суд во Скопје
Според одредени медиуми, уапсени се седуммина, кои учествувале или, пак, врбувале македонски државјани за да учествуваат во борбите во Сирија.
Погледнете го видеото што го објави YouTube корисникот Мухамед Ајдини од акцијата на МВР на Гази Баба.