549
Видеото, кое беше емитувано на ТВ Пинк, го покажува упадот на припадниците на МВР и БИА во делот на стадионот Партизан за кој се верува дека со години служел како „кафеана“ на криминалната група на Веља Невоља . Фотографиите од ова апсење ексклузивно ги објави „Блиц“ во четвртокот, кога беше спроведена голема полициска акција во која беа уапсени 19 лица, меѓу кои и Веља Невоља и неговиот близок соработник Марко Миjковиќ Маре.
Снимката е направена на 4 февруари во 5 часот наутро, кога биле уапсени членови на групата Беливук. група на луѓе кои користеле снајперска пушка со придушувач во шумата.