ВИДЕО од Астана го обиколи светот, турскиот и казахстанскиот лидер во досега невидено издание

од Stefanija Kuzmanovska
266 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е во официјална посета на Казахстан. Во Астана се сретна со претседателот на државата, Касим-Жомарт Токаев, но еден необичен детал го „украде“ вниманието на светските медиуми.

Ердоган дојде и во Астана по повод Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија, каде што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, но лидерите на Казахстан и Турција ја искористија паузата меѓу состаноците за – спортски активности!

Имено, медиумите ги „уловија“ Ердоган и Токаев за време на натпревар во пинг-понг.

Турскиот претседател, но и неговиот „ривал“ покажа завидни вештини на масата за пинг-понг, а видеото набрзо стана вирално.

Слични содржини