ВИДЕО: Од денеска Скопје со нов булевар – пуштен во употреба Христијан Тодоровски Карпош

од Берта Китинска
402 прегледи

Градот Скопје од денеска е побогат за уште една важна сообраќајница – булеварот Христијан Тодоровски Карпош. Оваа нова сообраќајна врска која ќе овозможи развој на северниот дел од градот денеска и официјално беше пуштена во употреба, во присуство на градоначалникот Петре Шилегов кој се обрати пред присутните.

На настанот присуствуваа и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, градоначалниците на општините Бутел, Гази Баба и Шуто Оризари – Велимир Смилевски, Борис Георгиевски и Курто Дудуш, како и претставници од јавните претпријатија.

– Северниот дел од градот за првпат е целосно поврзан со булеварско решение од обиколницата до централното градско подрачје. Новиот булевар е со вкупна ширина од 40 метри, со вкупно 6 коловозни ленти од по 3,5 метри (по 3 ленти во двата правци), велосипедски патеки од двете страни со ширина од 2,5 метри, пешачки патеки од двете страни со променлива ширина и простор за средишно зеленило и зелен појас од двете страни на булеварот. На новиот дел од булеварот Христијан Тодоровски Карпош е поставена нова водоводна, атмосферска и фекална мрежа, како и целосно ново улично осветлување со 140 столбови. Очекувам наскоро по овој булевар да проаѓаат и некои линии на јавниот превоз што дополнително ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот – рече денеска Шилегов.


За изградбата на оваа делница во должина од два километра, која се протега од крстосницата со булеварот Босна и Херцеговина до клучката на скопската обиколница, Град Скопје потроши 285 милиони денари или околу 4,6 милиони евра со вклучен ДДВ. Овој нов булевар ќе овозможи побрз излез на обиколницата за околу 100.000 граѓани кои живеат во северниот дел од градот, особено од Чаир, Скопје Север, Топанско поле и од Железара, со што ќе се релаксира сообраќајот во целиот град.

ГРАД СКОПЈЕ ДОБИ НОВ БУЛЕВАР ВО БУТЕЛПогледнете како се градеше новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош што…

Публикувахте от Град Скопје в Четвъртък, 7 май 2020 г.

Слични содржини