Демонстрантите и полицијата се судрија денеска пред зградата Капитол Хил во Вашингтон, пренесуваат светските медиуми.
Незадоволните граѓани успеаја да ја надминат полицијата и да ги пробијат блокадите, па успеаја да влезат во зградата, од која во меѓувреме беше евакуиран американскиот потпретседател Мајк Пенс.
На социјалните мрежи се појави видео од судирите меѓу органите за спроведување на законот што ја обезбедуваа зградата и демонстрантите. На снимката се слушаат граѓани кои скандираат „САД, САД“.
JUST IN – Protesters are fighting with Secret Service and Capitol Police within the U.S. capitol.pic.twitter.com/WR73i8aHsP
— American Mut (@Jason262021) January 6, 2021
За потсетување, започна седницата на Капитол Хил за да се потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори, со која претседаваше Пенс.
Поради немирите, седницата беше прекината, а според американските медиуми, претставниците на законодавната власт биле шокирани од развојот на ситуацијата и упадот на граѓаните, пренесува Си-Ен-Ен.