ВИДЕО ОД „ИЗНЕРВИРАНИОТ“ СИ ЏИНГПИНГ КОЕ ПРЕДИЗВИКА БУРА: Се огласи Кина за настанот на Г20: „Не го критикуваше Трудо“

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на брифинг за медиумите изјави дека Пекинг поддржува искрени размени се додека тие се одржуваат на еднаква основа и рече дека Кина се надева дека Канада ќе преземе чекори за подобрување на билатералните односи, пренесува Ројтерс.

– Видеото што го споменавте беше навистина краток разговор меѓу двајцата лидери за време на самитот на Г-20 и мислам дека не треба да се толкува како претседателот Си да критикува или обвинува некого – рече Мао.

Во видеото објавено од канадските медиуми во средата, може да се слушне преведувач на Си како вели: „Сè што разговаравме вчера беше дадено на печатот. Тоа не е соодветно“.

Ова беше прва средба меѓу Трудо и Си во последните три години, а односите меѓу Канада и Кина беа обележани со тензии по апсењето на шефот на финансискиот сектор на Huawei – Менг Ванжу. Таа беше уапсена во Канада во 2018 година по налог на САД, по што Кина уапси двајца канадски државјани и ги обвини за шпионажа.

Поради ова, Канада ја обвини Кина за заложничка дипломатија, а случајот по неколку години беше решен со размена на уапсените.

Слични содржини