230
Во морето на лоши вести за се поголемиот број на заразени пациенти, но, за жал, и смртни случаи од коронавирусот, се појавија неколку видеа кои не развеселија малку и ја вратија вербата.
Точно вакво видео доаѓа од црногорската ковид-болница, во кое се гледа како лекарите се обидуваат да ги развеселат пациентите и да им го олеснат деновите на лекување.
Еден од пациентите побарал од медицинската сестра да ја сними атмосферата во собата, па ја испеал песна „Твојата ноќ и моја зора“ и побарал од другите да му се приклучат.
Видеото кое е објавено на Фејсбук страницата „Podgorički vremeplov“ ја воодушеви јавноста.
https://www.facebook.com/p.vremeplov/videos/2651967628395971/