282
На 17.05.2022 год поради одрони на патот на ул. Јадранска магистрала поточно на м.в. Вражји вир сообраќајот не е во прекин и се одвива со наизменично пропуштање на возилата, стои во последниот извештај вечерва од АМСМ.
Претходно, денеска сообраќајот беше прекинат во двата правци.
На социјалните мрежи се појави снимка од моментот на одронот:
За среќа, нема повредени лица или оштетени превозни средства. Полицијата го регулира сообраќајот во овој дел.
Утрово беше соопштено дека на патот кон ГП Блаце има одрон.