Десетици илјади Сиријци бегаат од засилените руски бомбардирање против противниците на Башар ал Асад во реонот на градот Алепо. Околу 350 илјади лица се смета дека порано биле во областите контролирани од опозицијата.
Сега околу 15 илјади луѓе се наредени на сириско-турската граница, а хуманитарните организации рекоа во петокот дека на пат кон регионот се уште околу 50 илјади лица. Во саботата управителот на граничниот вилает Килис изјави дека на границата за последните 48 часа пристигнале 35 илјади лица.
Копнениот напад на армијата, иранските единици и единиците на либанската група “Хезболах”, поддржани од воздухот од руска борбена авијација, се закануваат со целосна опкружување и разбивање најголемиот сириски град.
Ова не само што ќе донесе контрола на Дамаск над еден од најважните градови во земјата, но и ќе ги зајакне позициите на Асад, Москва и Иран на преговорите за Сирија, одложени до 25 февруари. Прекинат е главниот пат што ги поврзува Алепо со Турција, и во Анкара се сомневаат дека може да следува блокада и бунтовниците да бидат принудени преку глад да се предадат.
Вељановски од САД порача: Пролонгирање на изборите е можно ако партиите се договорат
Видеокадри од граничниот премин Баб ел Салам покажуваат дека на турската граница нема тензии и луѓето добиваат основна помош, додека чекаат да бидат примени. Во исто време, Турција се обидува да изгради кампови за нив на сириската дел на границата.
Околу 35.000 сириски бегалци пристигнаа во последните 48 часа , во близина на градот Килис, и беа сместени во кампови од сириската страна на границата, информира денеска валијата на округот Килис Сулејман Тамсаз, цитиран од британските медиуми.
Валијата изјави дека може да се очекува пристигнување на уште 70.000 Сиријци, доколку армијата на режимот на Асад продолжи да напредува во градот Алепо, со поддршка на руските военовоздухопловни сили.
Турските власти вчера почнаа да поставуват нови шатори во веќе изградениот камп во близина на границата за да го прифатат новиот бран сириски бегалци на турска територија, информираа француските медиуми.
-Прифативме околу 5.000 бегалци, други 50.000 до 55 000 се на пат и ние нема да ги оставиме, затоа што таму се изведуваат воздушни напади, силите на режимот, поддржани од иранските шиитски милиции, напаѓаат цивили, рече турскиот шеф на дипломатијата Мевљут Чавушоглу на самитот за мигранти во Амстердам.
Тој го обвини режимот на Башар ал-Асад дека напаѓа „училишта, болници и цивили“.
На македонската граница не запира текот на мигрантите. Во икампот за привремен престој на граничниот премин Идомени чекаат 1.900 бегалци, кои се сместени во шатори и во автобуси, а други 3.400 бегалци се пред бензиската пумпа во регионот, откако биле довезени со 69 автобуси.
Грчката полиција претпоставува дека во следните 24 часа ќе се зголеми бројот на бегалци на граничниот премин Идомени, откако ќе заврши штрајкот на грчките морнари.
Поради штрајкот на морнарите во последните два дена не се превезуваа бегалците.
