(ВИДЕО) Огромна дупка проголта луѓе кои чекаат на станица

од desk3
84 прегледи

 

Огромна дупка се отвори на автобуска станица во Кина и проголта пет лица. За инцидентот соопшти агенцијата “Ксинхуа” која покажа и кадри од времето на пропаѓањето. Тие биле снимени од блиска камера за надзор. Дупката е широка околу 10 квадратни метри и длабока околу 2 метри, дополнува “Дарик”.

Случајни минувачи им помогнаа на настраданите да излезат од дупката. Повредените се пренесени во болница. Нема информации каква е нивната состојба.