(ВИДЕО) Околу 11.000 луѓе го напуштија Санторини по серијата земјотреси, улиците се празни

од Milan1
32 прегледи

Повеќе од 11.000 луѓе го напуштија Санторини по серијата земјотреси што го погодија грчкиот остров и неговата околина во изминатите шест дена, при што се очекува да се евакуираат уште стотици. Според официјални лица, околу 7.000 луѓе го напуштиле островот со траект, а околу 4.000 со авион, јавува „Би-Би-Си“.

Агенцијата наведува дека се очекува на островот да останат неколку илјади луѓе, од вкупно 15.000 жители, според пописот од 2021 година.

Властите воведоа мерки за безбедност, вклучително и запирање на изградбата, затворање на училиштата на Санторини и блиските острови Иос, Аморгос и Анафи, а на жителите и хотелите им беше наредено да ги испразнат базените во обид да се намали загадувањето на почвата, пренесува Танјуг.

Сеизмолозите проценуваат дека високата сеизмичка активност би можела да потрае неколку дена или недели за да се намали, а Санторини и околните острови утринава беа погодени од два земјотреси со јачина од четири и 4,3 степени, со разлика од пет минути.

Првиот земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 4 часот и 16 минути, со епицентар на 18 километри од Аркесини на Аморгос, на длабочина од 10,8 километри, пренесе „Прототема“.

Вториот земјотрес, со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, го погоди пет минути подоцна, со епицентар на 17 километри од Аркесини, на длабочина од 11,8 километри.

Поради тековната сеизмичка активност, засилени се противпожарните бригади на Јужноегејско Море, а во Санторини пристигна и мобилниот оперативен центар „ОЛИМПОС“ со дополнителни екипи, вклучувајќи кучиња за спасување и дронови.

 

 

Слични содржини