(ВИДЕО) Операција “Ајнштајн-2”: Подморницата “Великиј Новгород” истрела криласти кстосувачки ракети кон џихадисти кои нападнаа во руски војници во Сирија

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Подморницата “Великиј Новгород” на Црноморската флота на Русија изврши истрелување на крилести ракети кои беа наменети за погодување на цели односно објекти на терористите на Исламската држава во Сирија. Лансирањето се случило денеска од под вода во Средоземното Море во 10.11 часот, спореди руско време.

Целите биле објекти на борците од “Џебхат ан-Нусра” во провинцијата Идлиб.

Растојанието до целите било околу 300 километри. “Со ненадеен ракетен напад во провинцијата Идлиб биле уништени важни премини на управување, бази за подготовка и оклопна техника на терористи кои учествувале во обидот за нападнат 29 руски воени полицајци, кои се стационира северно од провинцијата Хама и имаат задача да го набљудуваат дејствието на линијата на разграничување”, се вели во официјалното соопштение на руското воено министерство.

Исто така, се забележува дека објективните контролни податоци го потврдија погодувањето на целите. На 19 септември терористите од “Џебхат ан-Нусра” започнаа офанзива во близина на градот Хама и успеаја да ја истуркаат сириската армија на 12 километри подалеку.

Една од нивите главните цели беше заробување единицата на руската воена полиција кои вршеа задачи на набљудувачкиот пункт за контрола на деескалацијата. Во таа ситуација се најдоа околу 29 руски војници.

Како резултат на активностите на силите за специјални операции и на сириските специјалци терористите биле уништени. Во текот на операцијата, тројца руски војници беа повредени.