(ВИДЕО) Откриен нов вид смртоносен голем пајак, ако ве касне, нема противотров

од Milan1
0 прегледи

Австралиските научници открија нов вид на смртоносен пајак, кој е поголем и поотровен од неговите роднини. Новиот вид пајаци е наречен „Големо момче“ (Big Boy), а научниците во Австралија велат дека групата на „невообичаено големи“ пајаци е всушност нов вид сам по себе.

Истражувачите велат дека користеле методи за анатомски и за споредби на ДНК за да ги проучуваат различните популации на пајакот од Сиднеј, еден од најсмртоносните во светот. Откриле дека постојат три вида, од кои само два ѝ биле познати на науката, пишува „Индепендент“.

Студијата открила „скриена разновидност меѓу пајаците“, рекла арахнологот Стефани Лорија од Институтот Лајбниц за анализа на промените на биолошката разновидност во Германија.

Пајакот пронајден во Сиднеј, Atrax robustus, се наоѓа од централниот брег до басенот на Сиднеј, а пајакот од јужниот дел на Сиднеј, Atrax montanus, е вообичаен во планините јужно и западно од тој град. Пајакот, кој е наречен „Големо момче“, бидејќи е најголемиот од трите видови пајаци, го населува градот Њукасл.

Латинското име за видот „Големо момче“ доаѓа од Кејн Кристенсен од Њукасл, кој го привлече вниманието на истражувачкиот тим на видот. Студијата беше лансирана откако Кристенсен, со седиште во австралискиот парк за рептили во Нов Јужен Велс, собра голем број на „невообичаено големи машки пајаци“ како дел од програмата за проучување на нивниот отров, наведуват истражувачите.

„Atrax christenseni е импресивен пајак. Големината на мажјакот, во споредба со мажјаците од другите видови Atrax, е едноставно зачудувачки“, рекол Кристенсен, додавајќи дека му е чест што новиот вид на пајаци е наречен по него.

Во студијата, објавена во списанието „BMC Ecology and Evolution“, научниците собрале нови примероци од целиот Сиднеј и ја испитувале нивната ДНК. Тие потоа ги споредиле овие пајаци со музејски примероци кои датираат од раните 1900-ти.

Нивната нова класификација може да има практични импликации за производството на противотрови.

„Иако нивните гризнувања се едни од најтешките, тие не се многу чести. Ако ве касне ваков пајак, повикајте брза помош и одете директно во болница“, рекол токсикологот Џеф Исбистер од болницата „Калвари Матер“ во Њукасл.

Темните, сјајни и големи пајаци се сметаат за меѓу најопасните отровни пајаци за луѓето.

Слични содржини