Њујорк: Ако навреме не го земете автомобилот што пајакот го собрал – оди на аукција

од Vladimir Zorba

Њујорк сериозно се справува со возилата кои завршуваат во градското депо. Според новата одлука на градската управа, возилото ќе се продава на лицитација доколку од која било причина пајакот го земе автомобилот и поминат 10 дена без сопственикот да го побара и однесе.

Откако пајакот ќе го земе возилото и ќе го одведе до депото, часовникот почнува да отчукува и сумата на пари што возачот ќе треба да ја плати расте како снежна топка која се тркала по падина.

Сопственикот е одговорен за такса за влечење помеѓу 185 и 370 долари, како и такса од 20 долари за секој ден. Доколку возилото не се бара во депото 10 дена, градот Њујорк го продава на аукција, а на сопственикот му е забрането да го откупи, велат од „ХАК“.

Одделот за финансии на градот вели дека полицијата може да влече и одземе возило ако е непрописно паркирано или ако сопственикот должи повеќе од 350 долари за паркинг казни. Колку добро им оди на властите говори и фактот што тие продадоа повеќе од 180 возила од сите видови на аукција за само една недела, пишува „The Drive“.

За некои сопственици сите горенаведени казни се прескапи, а некои не ни знаат дека нивното возило завршило во градското депо.

Слични содржини