📷Keyvany Ferrari Purosangue

од Vladimir Zorba

Покрај тоа што неодамна го најави тјунираното Lamborghini Revuelto, германски Keyvany сега покажува како ќе изгледа неговиот аеро-боди пакет за Ferrari Purosangue, кој ќе биде комбиниран со засилен V12 мотор.

Проектот се нарекува „Keypuro“ и вклучува елементи од јаглеродни влакна (редизајниран преден браник со поголеми отвори за воздух, нов сплитер, лакови на браници, странични прегради, заден дифузер, заден спојлер на покривот и спојлер помеѓу LED задните светла), нови лакови на тркалата и засилени 6,5 литарски V12 мотор (со 721 kW/980 КС и 1170 Nm вртежен момент).

Засега Keyvany не споменува промени во внатрешноста, а нема информации за цената на овој пакет.

Слични содржини