(ВИДЕО) Откриен последниот жив во светот ветеран кој го закачил знамето на Рајхстагот

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Херој на Советскиот Сојуз Иван Лисенко до денешен ден живее на улица со неговото име

LifeNews-нашел-ветерана-который-в-1945-году-брал-штурмом-Рейхстаг

Ветеранот кој учествувал во освојувањето на Рајхстагот во 1945 година, живее во руската Бранска област во селцето Краснаја Гора. Домот на 98-годишниот Иван Лисенко се наоѓа на улица која го носи неговото име.Иван Никифорович , кој заминал на фронтот на 26 години и достигнал до самиот Берлин. Тој го  издигнал советското  знаме на вториот кат на Рајхстагот, пишува   lifenews.ru. ” Ни нардија  по секоја цена да завладееме сè. Јас бев повреден за време на освојувањето. Го подигнав знамето на вториот кат. Тоа беше црвено. Го подигнав високо, за да го видат сите дека војната е завршена и можеме да живееме мирно и весело, и можеме да мислиме само како да сиго  испечем лебот “, се сеќава Иван Лисенко.

Zname-na-rajhstag

Долго време по војната тој одржува контакт со своите борбени другари. Си оделе  меѓусебно на гости. Но не го познава починатиот пред неколку дена во Санкт Петербург Николај Белјев, кој исто така учествувал во освојувањето. Лисенко признава дека сите со кои се дружел , веќе починале, и останал само тој. Херој на Советскиот Сојуз кој живее заедно со 74-годишна ќерка Евдокија Лисенко. Таа одлично се сеќава како на 4-годишна возраст го  пречекала татко од војната. Ова е еден од најбрилијантните спомени во целиот нејзин живот. Сега жената се грижи за тешко болниот татко и поминува најголем дел од своето време со него. “Се сеќавам како се вратил од војната како храбар јунак – со собрала во  глава, тогаш сепак беше без ордени.Дојде и рече: “Се вратив”. Баба тогаш лежеше на шпоретот, извика  и ми рече: “Ќерко, дојди кај мене”. Јас и одговорив дека нема да дојдам и се сокрив од него, вели  Евдокија. Потоа татко и заминал за Москва за да ја  добие златната ѕвезда за највисока  војничка титула “Херој на Советскиот Сојуз”. Иако учеството во овие важни историски настани, Иван Лисенко живеел исклучително скромно. Ќерка му признава дека во детството не го  разбирала значењето на сето што се случи во тоа време. “Живеевме селски. Никој не не поздравуваше нешто особено, но ценевме дека е Херој на Советскиот Сојуз. Гордосто стигна  сега, кога станавме  возрасни “, раскажува ќерката на ветеранот. Семејството не води многу богат живот. Но, како и многу други ветерани, Иван е уверен дека не живеел напразно – го  спасил светот од фашистичките освојувачи.