
Лидерот на СДСМ Зоран Заев порача избори на 11 декември мора да има, а Македонија да добие демократска и легитимно избрана влада. Ова им го пренел и на Европратениците Тања Фајон и Кнут Флекештајн со кои оствари средба во партиското седиште, информира Телма.
Европратеничката Фајон се надева дека изборите ќе бидат фер, слободни и демократски. Остварила средба и со Специјалната обвинителка Јанева.
„Даваме целосна подршка на работата на СЈО. На Македонија и се потребни демократски избори. Од разговорите со граѓаните дознавме дека постои страв кај нив, се следи нивниот глас, се знае кој за кого ќе гласа. Тоа не може да се оправда. Можевме да видиме дека економската ситуација е лоша, има проблеми во здраството. Токму поради тоа неопходни се промени“, изјави Тања Фајон, пратеник во Европски Парламент.
Целиот текст можете да го прочитате тука