Холандски рок-музичар фати чаша со пиво, фрлена кон него за време на концерт.
Бендот е John Coffey, наречен по името на херојот со паранормални способности од “Зелениот пат” на Стивен Кинг. Местото – рок-фестивалот под отворено небо е Pinkpop.
За време на концертот фронтменот на бендот Дејвид Ахтер де Молет се движи по рамениците на своите фанови. Одеднаш од далеку некој гаѓа по него со пластична чаша со пиво. Со неверојатен рефлекс музичарот ја доловува чашата, отпива од неа, по што ја фрла.
Најизненаден од сите е металхедот, кој ја фрлил чашата. “Сите околу мене беа шокирани.” Зошто го направи, идиоту? “Но потоа, кога Дејвид ја фати чашата и испи од неа, сите западнат во еуфорија!”.
Дали е почудно тоа што фрлачот успеа да ја дигне чашата во воздухот без да се истури, или тоа што овој ја дофати, проценете сами од видеото.