(ВИДЕО) Пекол под небото во Москва: Гори еден од сталинистичките облакодери

од Vladimir Zorba
87 прегледи

1471512918-640-e5d6a65391d81501daafd77ebcd2470d

На местото пристигнале неколку пожарникарски тимови.

Еден од ремек-делата на сталинстичкиот барок – зградата на Котелническата крајбрежна улица во Москва се запали. Кулата на зградата гори, соопшти Лајф.ру.
Медиумите јавуваат дека пламнале неколку од горните станови.

Облакодерот на Котелническата крајбрежна улица е правен уште во крајот на 30-тите години и во него има само станбени станови. Своевремено во такви згради живееле претставниците на науката и уметноста во Советскиот Сојуз.

Сите станови се во луксузна изработка и се со поголема површина. Нивниот вкупен број е над 700. Овој сталинистички архитектонско ремек дело е висок 176 метри. На кулата му има вградена антена.

 

https://youtu.be/6FuhKmYdR8k