(ВИДЕО) Плишано куче се изгуби во вселената

од desk3
120 прегледи

Плишано куче се шета во вселената благодарение на училишен проект во Велика Британија. Децата во едно од училиштата во грофовијата Ланкашир ја пуштиле маскота во балон со хелиум и го испратиле на патување. За да биде документирана целата прошетка, во балонот била поставена и камера. Се одело по планот, но на висина од околу 25 километри врската со кадифениот патник прекинала. Балонот паднал на земја, опремата било отворена, но од Сем немало ни трага.

Sam-the-Dog-gets-sent-into-Space-with-a-GoPro

Во моментов играчката се бара на територијата на две англиски окрузи – Јоркшир и Ланкашир. Прогласена е и награда за оној кој ќе ја најде и врати на ученици.