(ВИДЕО) Почина долгогодишната партнерка на Ален Делон

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Француската актерка, пејачка и манекенка Миреј Дарк почина синоќа на 79-годишна возраст, пренесе РИА Новости.

Официјална верзија за смртта на артистката се уште нема, но руските медиуми потсетуваат дека покојната имаше голем број здравствени проблеми.

Таа беше подложена на тешка операција на срце и во изминатите години неколку пати беше хоспитализирана портади внатрешно крварење. Таа се појави во неколку десетици филмови.

Таа стана позната во Источна Европа со главната женска улога во филмовите “Високиот рус маж со црна копачка” (1972) и “Враќањето на високиот рус човек” (1974 година). Дарк од 1968 до 1985 година имаше врска со уште една ѕвезда на француската кинематографија – Ален Делон, и покрај тоа што беа во врска речиси повеќе од 10 години, тие официјално не беа во брак.