Бугарските демонстранти испратија обраќање кон демонстрантите од протестите за Мартин Нешковски од „Братска Македонија“, како што тие велат.
Во видео обраќањето тие изразуваат поддршказа македонските граѓани во нивната борба против полициската „мафија“. “Не дозволувајте да ве испровоцираат“, „Ние сме со вас“, „Браќа Македонци, внимавајте со полицијата зашто тие се многу прости“, „Оставка, долу!“ – се дел од паролите за поддршка.