
Лаура Кодрута Ковеши, 43 годишна возраст, поранешна кошаркарка, сега обвинител, шеф на ДНА – Националниот директорат за антикорупција во Романија, информира Телма.
Младата обвинителка четири години го води ДНА, институција која во 10 годишното постоење досега обвинила над 8 илјади функционери. Судска пресуда за корупција добиле 4849 политичари. Најмногу од нив, над 3 илјади пресуди биле донесени за време на Ковеши.
-Сега после 4 години како шеф на ДНА довербата на граѓаните во институцијата е поголема од 62 проценти. Тоа е највисока доверба на граѓаните во било која институција од правосудниот систем во Романија. Довербата растеше постојано затоа што имавме многу случаи против министри, поранешни министри, пратеници во парламентот, сенатори, судии и обвинители. Има и случаи кои завршија со пресуди на министри и на поранешен вицепремиер на Романија.
Популарна меѓу граѓаните, но признаена во странство. Списанието Ридерс Дајџест ја прогласи за Европеец на 2016-та година, за успешната борба против корупцијата. Но, почетоците на обвинителството – ДНА, оформено по налог од Брисел за да ја открива распространетата корупција во Романија, не биле розови. Имало многу обиди за законски измени со кои требало да се смали надлежноста на обвинителите надлежни за политичката корупција. Имало обид и за намалување на финансиите за ДНА, но тогаш граѓаните и активистите сами организирале хуманитарна акција да соберат пари за непречена работа на антикорупциското обвинителство. Имало дури и обид за укинување на обвинителството на Ковеши. Имало иницијативи дека тоа обвинителство не било уставно, но романскиот Уставен суд никогаш не одлучувал по таа иницијатива. По сугестија на Брисел, романските политичари кои се најчести жртви на ДНА сепак изгласале промени во законот. Обвинителството на Ковеши е во рамките на системот на државниот обвинител, но потполно независно во истрагите и финансиите.
-Државниот обвинител може да дава наредби и насоки за работа на ДНА само во организациска и административна област. Но, нема право да издава наредби на обвинителите во ДНА ниту да се меша во истрагите кои се водат, објаснува Ковеши.
Целиот текст можете да го прочитате тука