
Шефот на изборниот штаб на Хилари Клинтон, Џон Подеста им се обрати на нејзините приврзаници во Џавитс центарот, додека Хилари, со семејство и блиските соработници ги минуваа часовите во апартманот во хотелот Пенинсул Њујорк на Менхетн.
– Знам дека овде сте долго време, а ние се уште не го признаваме поразот. Но време е да одиме во своите домови и малку да се одмориме. Хилари Клинтон денеска нема да се обрати, посочи Подеста.