Нашата оводигинешна евровизиска претставничка во изминатиов период веќе е заангажирана со евровизиските промотивни турнеи. Јана ја започна промоцијата на “Dance Alone” од Амстердам и веќе имаше неколку концертни настапи и изведби во живо на хитот пред евровизиските фанови.
Според објавените материјали на тамошните медиуми, Јана одлично се снаоѓа на интервјуата, верните евровизиски обожаватели веќе добро ја знаат песната, а како звучи во живо во продолжение можете да слушнете во видеата од нејзините настапи во Амстердам, Лондон и Израел.
https://www.youtube.com/watch?v=pZBhHJ09Zig