„Покемонманијата“ не запира, а оние кои успеваат да одолеат на искушението, со секој изминат ден се се помалку.
Студиото „Фокс“, кое ја создаде култната анимирана ТВ серија „Симпсонови“, реши да го искористи овој глобалне феномен и да привлече уште поголема гледаност.
„Фокс“ објавија кратко видео во кое Хомер Симпсон се вклучува во потрагата по Покемони. Видеото трае околу една минута, но судејќи по општата хистерија, овој тренд ќе потрае барем до на есен, за кога е најавена новата сезона од „Симпсонови“, па дотогаш сигурно уште многу ќе се занимаваме со целата оваа идеја.
Потресни факти околу убиството на момчето,кое игра Pokemon Go
Во меѓувреме, ни преостанува видеото во кое Хомер, за време на посета на зоолошка градина, заради „Покемонот“ ги запоставува своите родени деца, а сето тоа нема да помине неказнето…
https://youtu.be/SDCg7f93R6o