(ВИДЕО) Полициски автомобил од колоната за обезбедување на Столтенберг направи сообраќајка – во „карамболот„ 4 лица повредени

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Еден од автомобилите од моторизираната придружба за обезбедување на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг учествувал во страшна сообраќајна несреќа во главниот град на Полска Варшава, соопшти полската полиција.

Полициски автомобил, од колоната на Бирото за заштита на владата (БОП), претрпе сообраќајна несреќа, потврди портпаролот на полицијата Силвестер Марчак.

“Полицијата помогаше при обезбедувањето. Никој од владините автомобили не е настрада”, увери портпаролот на БОП Катаржина Ковалевска.
Инаку, како што е познато при инцидентот се повредени четири лица, вклучително и двајца полицајци, како и пешак и возач на друг автомобил.