
Ноа Сајрус одлучи да тргне по стапките на својата сестра и да гради музичка кариера. Буквално пред неколку дена таа ја пушти и својата прва песна и спот која е направена заедно со британскиот музичар Labrinth – “Make Me (Cry)”.
Сигурно Ноа претпоставува дека веднаш ќе почнат споредбите со нејзината сестра Мајли. Но всушност нема ништо за споредување. Музиката и стилот на Ноа се сосема различни од оние на нејзината сестра. Девојката избегнува разголени кадри, провокативна облека и нагласува текстовите.
Ноа нема намера да престане со еден клип. Неодамна таа го склучи првиот договор со издавачка куќа. Претставниците на компанијата тврдат дека ако албумот и е успешн, таа може да заработи 1.5 милион, кои ќе ги инвестира во нејзиниот следен албум.