Министерството за финансии и Народна банка делуваат некоординирано и непретпазливо вели поранешниот министер за финансии Никола Поповски, па наместо курсот на денарот да се брани со заситување на пазарот со девизи, беше зголемена основната каматна стапка. Во таа насока, според него е и утрешната аукција на хартии од вредност на која се понудени записи со девизна клаузула и повисока камата.
