ВИДЕО: Поради овој потег се мисли дека на самитот на БРИКС се обрати двојник на Путин

од Stefanija Kuzmanovska
1,6K прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин повторно стана главна тема на социјалните мрежи откако направи нова „грешка“. Имено, Путин преку видео врска се обрати за самитот на БРИКС во Јоханесбург, Јужна Африка.

Путин не стигна таму поради налогот за апсење што го издаде Меѓународниот кривичен суд во март, па наместо тоа, тој се обрати на толпата од далечина. Но, она што им падна во очи на многумина беше неговото – гледањето во часовникот.

Имено, на видеото може да се види како Путин ја крева левата рака, како кога автоматски сакаме да погледнеме во часовникот. Потоа брзо ја спушта раката и гледа во хартиите. Кога сакаше да се почеша, беше очигледно дека има часовник на десната рака. Иако не е сигурно зошто го направил тоа, има многу мислења дека тоа всушност воопшто не бил тој, туку негов двојник.

„Двојникот на Путин сето ова време одлично ја вршеше работата, но згреши кога сакаше да си го најде часовникот на левата рака затоа што вистинскиот Путин најчесто го носи од десната“, пишуваат корисниците на Х, поранешен Твитер.

И претходно имаше сомнежи дека рускиот претседател користи двојник. Имено, Путин во март наводно испратил двојник во украинскиот град Мариупол, а го „издадоа“ – ушите.

Слични содржини