Поранешниот италијански премиер Романо Проди, под притисок од јавноста, денеска призна дека згрешил кога во саботата повлече за коса новинарка за која даваше изјава, бидејќи му поставила непријатно прашање.
„Верувам дека дојде време да разјаснам некои работи во врска со тоа што се случи во саботата, на 22 март, на маргините на презентацијата на мојата најнова книга. Гестот што го направив е дел од мојата вообичаена гестикулација. Гледајќи ја снимката, сфатив дека тој гест речиси механички го префрлив во различен контекст. Згрешив и се извинувам поради тоа што направив“, вели Проди.
Тој додаде дека секој има право, без разлика на улогата што ја одиграл во животот, да го заштити сопственото минато и чест и да не прифаќа широко распространета експлоатација, па дури и јавно исмевање како неизбежна судбина.
„Благодарение на моќта на интернетот, животот е како да е безвреден, како да не постои иднината“, рече Проди правдајќи се за непријатниот инцидент.