Поранешниот стратег на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Банон, ги поздрави присутните за време на неговото обраќање на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (ЦПАЦ) во Мериленд со подадена рака на страна, што изгледаше како нацистички поздрав, објави денеска „Индепендент“.
Тој го направи овој гест откако го упати повикот кон публиката во Конвенцискиот центар во Мериленд „борете се, борете се, борете се“, а кога наиде на аплауз, Банон брзо кимна со главата и одговори со „амин“.
Францускиот екстремно десничарски лидер Џордан Бардела го откажа говорот на митингот откако поранешниот помошник на Трамп Банон изгледаше како да направи „нацистички гест“, пишува „Индепендент“.
Бардела рече дека ја донел одлуката како одговор на „гестот кој алудира на нацистичката идеологија“ на Банон, пренесува „Танјуг“.