
Официјалниот претставник на Белата куќа Шон Спајсер го коментира непријатниот инцидент кој се случи меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ, на самитот на НАТО во Брисел, информира USA Today.
Трамп при разгледување на зградата на новиот штаб на НАТО, пред подготовката за заедничка фотографија, остро го турна Марковиќ. Видеото по овој момент брзо беше распространето на интернет мрежата, предизвикувајќи збунетост кај многу корисници. “Јас не сум видел ова видео”, изјави Спајсър, цитиран од USA Today.
Но, портпаролот на претседателот истакна дека редењето на лидерите на земјите-членки на НАТО за правење заеднича фотографија однапред е одредено и претпоставил дека Трамп ја следел оваа шема.
Премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ,од своја страна изјавил дека инцидентот е “безопасна ситуација”, пренесува Associated Press.
“Природно е претседателот на САД да биде во првиот ред”, вели Марковиќ и додава дека ја користел можноста да му се заблагодари на Трамп за поддршкаата на членството на Црна Гора во НАТО.