(ВИДЕО) Посмртниот венец со закана за Борјан Јовановски, новинарите го вратија во Владата

од desk3
92 прегледи

Новинарите денеска напладне се собраа пред Владата по повод вчерашната закана врз новинарот Борјан Јовановски .Погребиот венецот со порака “последен поздрав ” кој вчера беше оставен во куќата на новинарот Борјан Јовановски беше демонстративно фрлен пред Владата.

9854843943934

Новинарите посочија дека Владата е вистинското место за изразување револт од овој грозоморен чин, особено ако се знае дека Борјан Јовановски е еден од најгласните критичари на власта и е мета на долгогодишно вербално насилство од страна на медиуми и новинари кои важат за блиски до владејачката партија.

Здружението на новинарите на Македонија најостро ја осуди морбидната закана по живот на новинарот Борјан Јованоски и неговото семејство. Испраќањето на венец со порака последен поздрав во домот на новинарот Јованоски е кукавички чин вперен против сите новинари во Македонија- посочија од ЗНМ

ЗНМ смета дека овој инцидент е последица на ширењето на говорот на омраза во медиумите поттикната од однесувањето на политичките партии во Македонија.

Ја потсетуваме јавноста дека досега ниеден од инцидентите каде новинарите се мета на насилство, попречување на нивната работа, вербални закани, говор на омраза и притисоци нема судска разрешница. Со ваквиот неодговорен однос на институциите се поттикнуваат насилниците да продолжат да се закануваат на новинарите, стои во реакцијата.

Од Новинарскиот пленум побараа Владата да преземе мерки за справување со ваквите притисоци и заканите кон новинарите. Тие бараат од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во рок од 24 часа да ги пронајде испраќачите на погребниот венец, а од лидерот на ДПМНЕ и премиер да го осуди јавно овој морбиден чин и да ги повика своите медиумски и партиски џелати да ги запрат хајките против новинарите.