ВИДЕО: Повеќе од сто илјади луѓе протестираат во Париз, големи судири со полицијата

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Повеќе од сто илјади демонстранти се собраа денеска во Париз за да протестираат против зголемените трошоци за живот и недоволната посветеност на владата за еколошките прашања.

За време на протестот дојде до судири меѓу група демонстранти и полицијата која употреби солзавец. Според првите информации, има повредени.

Протестот во неделата го повика партијата „Франција непокорена“ на Жан-Лук Меланшон и други левичарски партии, вклучително и Европската екологија – Зелените и Социјалистичката партија, заедно со неколку француски синдикати и здруженија.

Маршот започна со напуштање на Плоштадот на народите околу 15:00 часот и беше контролиран од полицијата.

Активистите бараат повисоки плати и социјални бенефиции, вонредни даноци за енергетските компании, ограничување на сметките за електрична енергија и инвестиции во еколошки проекти. На маршот можеа да се слушнат и повици да се спречи поскапувањето на горивата и храната, како и контроверзната пензиска реформа, пренесува Sputnik International.

Слични содржини