(ВИДЕО) Повеќе од 50 илјади луѓе евакуирани во Турција поради пожарите

од Milan1
26 прегледи

Повеќе од 50.000 граѓани беа евакуирани поради пожари во околината на Измир, Билеџик и Хатај, објави денес турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

„Според првичните информации, во Билеџик се оштетени 64 станбени згради, три комерцијални згради и 20 амбари. Во Измир се оштетени 132 станбени згради и една комерцијална зграда“, напиша Јерликаја на социјалните мрежи, пренесува Сабах.

Јерликаја им посака на граѓаните брзо закрепнување и рече дека државата и сите нејзини институции стојат покрај граѓаните погодени од пожарите.

Слични содржини