Синоќа избувна пожар во голем трговски центар во предградие на Москва, во областа Куркино. Засега нема информации за жртви.
Снимката од пожарот беше објавена на Твитер од телевизијата Некста, независен белоруски медиум чии сопственици оперираат од Полска.
As reported, the building of a farmer's market in the suburbs of #Moscow caught fire. The burning area is more than 300 square meters. There is no information about the victims. pic.twitter.com/n9ZqyDD2F1
— NEXTA (@nexta_tv) April 13, 2023
Според руската независна телевизија РЕН ТВ, пожарот се случил на автопатот Новокуркинскоје, а погодената површина е 300 метри квадратни. До опожарената зграда има бензинска пумпа. Пожарникарите утринава сè уште беа на терен, а пожарот сега е изгаснат. Руските власти се уште не дале официјална изјава за пожарот.
Причината за пожарот се уште не е позната, а истрагата е во тек.
Во последната година Москва беше зафатена од серија пожари. Изгореа неколку трговски центри, хотели и владини згради, а осум странски државјани загинаа во пожар во хостел.