ВИДЕО: Познат пејач го искрши водителското биро на Џејмс Корден

од Stefanija Kuzmanovska
399 прегледи

Минатата година Џејмс Корден најави откажување на шоуто по осум сезони првенствено за да може да се врати во родната Велика Британија за да се посвети на семејството.

Познатиот британски водител Џејмс Корден (44) ја сними последната емисија на The Late Late Show која ја одбележа американската телевизиска сцена. Минатата година Корден најави откажување на шоуто на CBS по осум сезони првенствено за да може да се врати во родната Велика Британија за да биде поблиску до семејството.

На последното снимање, во публиката беа и неговите родители, додека неговите сестри, како што се пошегува самиот Корден, исто така беа во градот, но наместо во студио тие биле во кафуле.

Во последната емисија како гости пристигнаа актерот Вил Ферел и пејачот Хари Стајлс, што симболично го означи крајот на популарното шоу кое низ годините беше домаќин на бројни познати личности. Имено, Ферел и Стајлс го скршија водителското биро на Корден, а видеото веднаш стана хит на интернет.

Слични содржини