
Руски воени советници учествуваа во подготовката и во спроведувањето на операцијата на испраќање на сириски воени сили, кои дејствуваа од зад грб на терористите на “Исламска држава”. Ова го соопшти руското Министерство за одбрана.
Операцијата е предводена од еден од најпознатите сириски воени началници – генерал Сухел Хасан, пренесува РИА Новости. Во ноќта на 12 август владините сили за прв пат од почетокот на борбите против ИД во Сирија спроведоа операција на тактички десант испраќање на сили кои дејствуваат од зад грб на терористите.
Полетувањето на десантни група се одржало многу порано по освојувањето на аеродром Џерах во источниот дел на провинцијата Алепо. Дестантни единици, минувајќи по пресушената река Руслан до населениот пункт Ел Кдер (околу 120 километри западно од Дејора), ја презедоа стратешка височина.
За време на кратката борба сириските војници под лична команда на Хасан уништија штаб и магацини на терористи, уништени се и два тенка и три единици блиндирана техника. Силите на Асад ги зазеле позициите се до доаѓањето на главните сили на 12 август утрото.
Активностите на генералот0 и ефективноста на нанесниот удар врзо терористите дозволијаа владините сили да го ги вратат под контролата Ел Кдер. Се забележува ддеморализација кај терористи, кои го отстапиле регионот. Под контрола на сириската армија преминаа во целина околу шеесет квадратни километри, три населени места и две нафтени наоѓалишта.