Министерот за правда Валдет Џафери го одобри новото задолжување. Утринава тој го ставил својот потпис на правното мислење за еврообврзницата тешка 450 мил евра. Токму неговиот потпис беше најспорниот момент во процесот на задолжување на мегународниот пазар, за кој власта и опозицијата се конфронтираа со денови, посочува Телма.

viki_13

Џафери денеска не сакаше да коментира а процесот од собраниска седница го правдаше мин за финансии Миновски
-Денеска е потпишано мислењето, документот е доставен до банките.10 дена шпекулации и манипулации. Против сите ќе има пријави и барање за оштетни побарувања, изјави министерот за финансии, Кирил Миновски.
-Ова задолжување ќе ве жигоса сите, порача пратеникот Васко Ковачевски од СДСМ.
Додека власта уверува дека согласно досегашната пракса, потписот може да се даде откако парите ќе стигнат на сметка на НБРМ,СДСМ тврди дека Министерот Џафери протовзаконски издал пост фестум правно мислење по договор во коалицијата ВМРО ДПМНЕ ДУИ.
“Министерот за правда Валдет Џафери очигледно притиснат, подметна грб во обид за спасување на министерот за финансии Миновски од кривична одговорност,што е невозможна мисија.Тоа значи дека и Џафери влезе во кривично дело , заено со Миновски и Бришковска.Која е цената што ја испорачал Ахмети на Груевски за жртвата на ДУИ во незаконското издавање на еврообврзницата ќе се види”, тврдат од СДСМ.
Во мегупартиски договор се сомнева и поранешниот гувернер Петар Гошев бидејки како што вели тој, сите лоши работи во земјата се направени со договор во коалицијата на власт.

Целиот текст може да го прочитате тука

Слични содржини