
Вчерашната одлука на Основниот суд Скопје 1 е уште еден доказ за партизацијата на судството од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во изминативе 10 години ВМРО-ДПМНЕ целосно го партизираше судството, ги затвори вратите за правдата и создаде заштитени мечkи кои правдата не ги фаќа.
Вчерашната одлука со која Основниот суд Скопје 1 по втор пат го отфрли барањето на СЈО за увид во просториите на еден од телекомуникациските оператори е уште еден доказ за таа партизација.
Владата на СДСМ и коалициските партнери се обврзува да ја врати правдата и правната држава во РМ. Ќе спроведеме целосна реформа во судството, ќе бидат преоценети судските одлуки донесени во изминатиот период. Работата на сите судии ќе биде ставена под лупа за да се открие кои судии судеа под диктат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а кои судии го спроведуваа Уставот и законот на РМ.
Ќе го продолжиме мандатот на СЈО за отворање истраги и отпочнување постапки за гонење на сторителите на најтешки кривични дела кои беа откриени со проектот „Вистината за македонија“. Продолжување на работата на СЈО не значи продолжување на политичката криза во РМ, туку напротив продолжување на мандатот на СЈО значи решавање на политичката криза која постои. Политичката криза ќе заврши кога ќе имаме враќање на владеењето на правото во РМ.
Политичката криза ќе заврши кога сите кои беа виновни за масовното прислушување и за тешките криминали со кои се одлеаја огромни буџетски пари од РМ ќе бидат пред лицето на правдата.
Ќе ја направиме правдата достапна за сите.
Ќе го вратиме владеењето на правото во РМ.

Носителот на листата за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ во Шестата изборна единица Владимир Ѓорчев денеска најави изградба на градинки во сите општини во оваа единица.
– Во секоја општина на потегот Тетово – Гостивар – Дебар од Шестата изборна единица, без исклучок, ќе изградиме нова детска градинка, бидејќи има потреба и затоа што тоа е помош за родителите. Градинките се и можност децата да имаат рано стекнување на знаења, ран детски развој, социјализација и овозможуваат родителите полесно, послободно да одат на нивното работно место, рече Ѓорчев во изјава за медиумите на стариот пат Тетово – Скопје, кај клучката за Сиричино и Требош.
Најави и изградба на голем број спортски сали, а истакна дека ќе продолжи и набавката на 270 илјади учебници за сите ученици и во основното и во средното обрзование.
– Ќе продолжиме со надоместокот за трето дете – мерка што ја користат повеќе од 20 илјади семејства во државата и што е исто така една солидна помош од државата. Кога се ќе се собере – градинки, училишта, повеќе компјутери, бесплатни учебници, економски зони, повеќе вработувања доаѓаме до поквалитетен живот за граѓаните, изјави Ѓорчев.
Според најавите, Ѓорчев ќе посети дел од жителите на општинскиот центар Брвеница, а средби ќе има и со жители на Гостивар и гостиварско.

Носителот на кандидатската листа за пратеници од Коалицијата за промени и правда во ИЕ бр 3, Весна Стоименовска, денеска оствари средба со граѓаните на Делчево при што презентираше дел од изборната програма на оваа Коалиција.
Порача дека регионалниот изборен караван на Коалицијата за промени и правда, пред се разговара за проблемите со кои се соочуваат граѓаните во овој регион.
– Од она што може да се заклучиме од средбите со граѓаните е дека клучен проблем е иселувањето на младите. Бројките се дека над пет илјади граѓани од Делчево се засекогаш иселени, а бројот на жители е преполовен, додека околу 2.000 мигрираат сезонски за работа. Она што Коалицијата запромени и правда го нуди во поглед на стопирање на иселувањето е формирање на фонд за млади кој предвидува издвојување на два проценти од буџетот, што значи декаќе се даде директна поддршка за вработување млади и стручни кадри.

Младите бегаат и поради нискиот животен стандард и поради системот кој овој режим системски ги уништуваше условите запристоен живот. Во поглед на борбата со сиромаштијата и нискиот животен стандард, Колацијата предлага покачување на минималната плата на 300 евра за што имаме изготвен проект, а средства запокачување на минималната пата има и ќе се обебзедат со кратење на непродуктивните трошоци, силни антикорупциски мерки и со укинување на репрезентациите на функционерите, рече Стоименовска.

Таа истакна дека Колаицијата предвидува инвестиции во инфраструктурата во висина од 800 милиони евра.
-Она што е битно за овој регион е решавања на проблемите со инфратсруктурата. Ние ќе се залагаме за рамномерен регионален развој, бидејќи капиталот не смее да биде концентриран само во Скопје и затоа предвидуваме инвестиција во инфратсруктурата. Во поглед на странските иневстиции и од она што го разговаравме со мадите претприамачите е дека нивните можности за равзој се ограничени и немаат исти бизнис- услови со странските инвеститори. Овде ТИРЗ зоната е празна, инвеститорите не се одлучуваат да инвестираат поради лошата инфратсруктура, но сакаме да потенцираме дека привилегиите што ги уживаат странските инвеститори ќе бидат исти и за домашните инвеститори, потенцираше Стоименовска.

Таа најави дека ќе биде зголемен фондот за исплата на субвенции за земјоделците, а субевнционирањето ќе продолжи и ќе биде насочено кон вистинските земјоделци.
Регионалниот изборен караван на Коалицијата за промени и правда попладнево има средби со граѓаните на Берово.

Од Ранковце порачуваме треба да има правда за сите и мора да има контрола на власта.
Прво што ќе го направме мандатот на специјалното јавно обвинителство ќе го продолжиме рокот за истраги и ќе предложиме и ќе бараме специјално судско одделение коешто ќе постапува по постапките на специјалното јавно обвинителство за да секој, од бомбите и од прислушкуваните материјали одговара пред лицето на правдата и пред законот.
Криминалниот стекнатиот имот ќе го заплениме по европски терк ќе донесеме закон и законски основи криминалниот стекнат имот се запленува веднаш од државата веднаш после првата правосилна пресуда.
Повеќе нема да има ниту локални шерифи, ќе има одговорност за сите, ќе направиме генерален реизбор на сите судии во државата и тоа го гарантираме затоа што мора да се ослободи судството од партиските стеги затоа што секој човек мора да ја добие правдата.
Секој буџетски денар ќе биде на увид на граѓаните. Секое министерство а особено министерството за финансии ќе мора да го објавува трошењето на секој денар. Секој граѓанин од дома од компјутер да има увид како се трошат парите. Секој народен денар од страна на функционерите, од страна на министерството.
Почитувани, граѓаните мора да бидат коректор и контрола на власта. Токму затоа ја бараме поддршката на 11 декември! Заокружете го бројот четири за да институциите и судството ги ослободиме од партијата за да бидат независни и во служба на граѓаните! Заокружете го бројот четири за да има живот во Македонија.