Намерата за преземање на Макпетрол се уште е активна. По трет пат, Кипарската оф шор компанија со седиште во Лондон испратила некомплетни документи но според законските прописи, „Балкан петролеум“ има рок до 9 јули да ја достави својата комплетирана понуда до Комисијата за хартии од вредност, информира 24Вести.
„На 21 јуни 2016 година во ’Макпетрол‘ повторно е примен допис од ’Балкан петролеум холдинг лимитед“ од Обединетото Кралство, преку полномошник Петар Стојановски. По разгледување на доставената документација, повторно се утврди дека е неуредна и нецелосна, и врз основа на неа не може да се постапува“, стои во соопштението на берзата испратено од „Макпетрол“.
Зад обидот за преземање на Макпетрол стои контроверзниот израелски бизнисмен Ури Бидер, познат по преземањето на романската рафинерија РАФО, која пропадна набрзо по преземањето. Бизнисменот од април годинава е запишан во централен регистар на РМ како раководител на подружница на фирмата Алов, која се занимава со трговија на големо на нафтени деривати.
Фирмата Алов била формирана во 2009-та година од државјанинот на Азербејџан, Аладин Јусифов, а го доби последниот тендер за набавка на нафта за ЈСП вреден 10 милиони евра.
Телевизија Телма објавува и дека „На акционерското собрание на АД Макпетрол на 11-ти јуни, Ури Бидер бил виден како влегува во управната зграда на компанијата придружуван од директорот на Алов. Имал документи за полномоштво на акции, добиено од акционер во Макпетрол. Исто така, телевизијата во сопственост на Макпетрол објавува и дека дел од акционерите биле контактирани и да ги продадат акциите и пред да биде објавена намерата за преземање.
Целиот текст може да се прочита тука
