Во текстот се повикуваат луѓето да не му веруваат на “системот која ги лаже и им ги полни главите со глупости”.

Српската група “Белградски синдикат” предизвика вистински бум со својата најнова песна “Системот те лаже” (Sistem te laže). За помалку од три недели клипот е гледан од над 9 милиони пати само на официјалниот канал. Во останатите има неколку стотици илјади. Клипот со текстот е гледан близу 200 000 пати, пренесуваат агенциите во регионот.
Во текстот се повикуваат луѓето да не му веруваат на “системот која ги лаже и им ги полни главите со глупости”. Хит започнува со зборовите дека пред неколку години имало само два телевизиски канали, кои служат една банда и дека никогаш не било можно да се слушне поинакво мислење од пропаганда . Денес, после толку војни, протести и промени, демократија, интернет и нови технологии, борба за права и слободата на говорот – по сето тоа, сè е како порано, повторно се на власт лажни марионети кои извршуваат заповеди и грабнаат сите само за себе . Нема смисла од илјадниците телевизиски канали и социјалните мрежи, се вели уште во текстот на “Белградски синдикат” Во рефрен на песната се вели следново:
Системот тие лаже. Не верувај што ти вели. Овој живот е борба – од раѓање до гроба. Затоа дигај се веднаш!