Доналд Трамп даде свечена заклетва во Капитол, Вашингтон и беше инаугуриран како 45-от претседател на САД.
Првиот говор како претседател и церемонијата беше емитувана во живо на стотици телевизиски канали од целиот свет.
Еден од култните моменти беше првиот танц на претседателското семејство на Доналд и Меланија Трамп.
Двојката избра за овој важен танц песната да биде “My Way”, класичниот хит на Френк Синатра.

За настанот Меланија беше избрала раскошен бел фустан, со паднати раменици и доста висок шлиц. Дизајнерот на облеката е родениот во Франција Ерве Пјер . Како вработен во компаниите на Каролина Херера, Кристијан Диор и Оскар де ла Рента, Пјер создавал костими за Хилари Клинтон, Лора Буш и Мишел Обама претходно.
На самата заклетва Мелани носеше костум на Ралф Лорен во бебешко сина, предизвикувајќи асоцијација со Џеки Кенеди.
Погледнете го видеото од првиот танц на претседателското семејство Трамп: