
Руското Министерство за одбрана објави видео од првото истрелување на ракета од оперативно-тактичкиот комплекс “Искандер-М”, кое е извршено надвор од Русија.
Истрелувањето е извршено во рамките на заедничките вежби на Русија и Таџикистан “Душанбе-Антитерор” од полигонот Лјаур. Според замислата во финалниот стадиум на маневрите ракетните единици погодуваат позиции на условни терористи кои се наоѓаат на 140 километри на полигонот Харбмајдон. По условниот противник удари нанеле и бомбардери Ту-22М3 и реактивни системи “Ураган”.