
Властите во Мексико денеска соопштија дека ученик пукал во приватно училиште во северниот мексикански град Монтереј и притоа сериозно се ранил себе си, учител и друг ученик, пренесува ABC News.
Органите на редот се уште спроведуваат истрага и не знаат мотивите на ученикот.
Исто така не е познато како ученикот добил оружјето.
Состојбата на повредените се уште е сериозна.